Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.
По пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп – информираат од СВР Тетово.
По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.