50-годишна жена се бори за живот на КАРИЛ, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на КАРИЛ, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на булеварот Илинден во близина на гимназијата „Орце Николов“, велат од Клинички центар, објави СДК.

Од болницата „8 Септември“ велат дека 50-годишната жена првин била примена кај нив во критична состојба со повреди на главата, рбетот и градниот кош, а потоа пренесена на КАРИЛ. Нејзината мајка има крвавење на главата. Другите двајца пешаци се лекуваат во болницата „Св. Наум Охридски“.

Моторџијата бил донесен на Ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.