Претставници на Мотоциклистичката федерација и мото клубовите „Ноќни волци“ и „Но лимит“ одржаа работна средба со началникот на секторот сообраќај на униформираната полиција во БЈБ, Дејан Трајковски и претставници на МВР на која се разговарало за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот.

Како што соопштија од МВР, на состанокот била презентирана и статистика за бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а било договрено заеднички да се преземат активности за оваа бројка да се намали.

Учесниците на состанокот предложиле унапредување на соработката меѓу надлежните служби во МВР и претставниците на мотоциклистите, како и да се организираат заеднички едукативни кампањи со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.