Вчера на крстосницата од улица „Марксова“ и улица „Самоилова“ во Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А. (36) од Прилеп, и моторцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д. (24) од Прилеп.

Во незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.