На 15.08.2021 во 23.00 часот на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел агива“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(82) од БиХ, патничко возило „опел зафира“, со германски национални ознаки, управувано од А.С.(49) од с.Боговиње, тетовско и мотоцикл „кавасаки З-900“, управуван од Н.Т.(33) од Скопје, информира МВР.
По незгодата, Н.Т. бил пренесен во Медицински центар-Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.