Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци” во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.
Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки” со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден – за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Со тешки телесни повреди моторциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.