Тешко повреден мотоциклист вчера бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.  Вчера попладне околу 17 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај село Т. Дол, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот Ќ.А. од село Колибари, кичевско и патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 24 – годишниот С.С. од село Лешница, кичевско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.