Маж се здобил со тешки телесни повреди по доживеана сообраќајна несреќа, информира МВР. Синоќа во 00:58 часот во село Буково, битолско, 32-годишниот С.Г. од село Буково, управувајќи мотоцикл „Јамаха ДТ-200 Р“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќата сопственост на Р.М. од село Буково.
Во незгодата, возачот С.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.