Царинските службеници во текот на последната недела од 2018 година и Новогодишните и Божикните празници, откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкаохолни пијалоци облека и фалсификати.
Еден скутер марка „Peugeot“, еден моторцикл марка „Honda“, еден фотокопир марка „Nashuatec“ и 9 алуминиумски бандажи со гуми за патничко возило биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за физичко лице од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Производите кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Еден гасен пиштол марка „ZORAKI“ 925 со калибар 9 mm, 980 кесички „Kamagra Oral Jelly“ 100 mg и околу 14 килограми препарати за потенција „HILTI“ и Маџун со билки, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Непријавените производи биле пронајдени во патна торба на македонски државјанин кој патувал со автобусот. Истите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
193 литри домашна ракија и околу 30 литри домашно вино, откриени биле од страна на полициски службеници при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Велес – Скопје.
Алкохолните пијалоци, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени акцизни давачки, биле предадени на мобилните царински тимови за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.