Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тимор Морина освен косовски, поседува и британски пасош.

ТВ21 дознава дека и британската амбасада во Скопје се интересира за судбината на Морина.

Помагаме на еден британско-косовски маж кој е уапсен во Македонија и сме во контакт со локалните власти – велат од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, пред неколку дена најави дека испорачувањето на Морина во Србија може да ги наруши односите меѓу Косово и Македонија.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата – соопшти Основен кривичен суд – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.