Судскиот процес за петкраното убиство кај Смилковско Езеро, продолжува на 3 септември. На дневен ред на ова рочиште е предвидено да сведочи полициски службеник кој учествувал во истражната постапка против обвинетите. Освен ова рочиште за месец септември за предметот „Монструм“ се закажани уште три други рочишта.

На последните две рочишта, вклучувајќи го и денешното, сведочеа поранешни и актуелни полициски службеници по однос на увидот на местото Враживир, каде во 13 април 2012 беше пронајдено возилото „Опел Омега“, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковско Езеро, еден ден претходно, односно на 12 април.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.