Две момчиња се уапсени на скопскиот аеродром. Вчера утрината во 06:20 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот Е.М. од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Истиот ден во 05:30 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот К.Н. од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана. Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.