Малолетник од Велес е тешко повреден откако врз него паднала метална статива на ракометното игралиште во велешкиот Градски парк.

Од велешката полиција информираат дека кај нив вчера во 16:25 часот било пријавено дека во итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен 12-годишниот Л.Н., на кого на едната рака му паднала стативата и му ги згмечила прстите.

Од Брза помош детето веднаш било препратено во велешката Општа болница.

Според д-р Тодор Јаковлевски портпарол на ЗЈУ Општа Болница Велес, од рентген снимката е увидено дека детето се здобило со тешки повреди – згмечени прсти и фрактура на коските на шаката.

Поради тежината на повредата момчето од велешката Општа болница со возило за итна помош било префрлено на понатамошно лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.