Вчера околу 17 часот било пријавено дека на патниот правец Тетово – с. Брвеница, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А. (22) од Тетово, удрило во велосипед управуван од З.С. (61) од с. Долно Седларце – тетовско.

Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.