Вчера попладне било пријавено дека во Берово, на улицата „Моша Пијаде“, на место викано „Мановски ореси“, 16 – годишник се качил на трактор „Фармер 306 ЛС“ со струмички регистарски ознаки, го стартувал и додека тракторот бил во движење, скокнал од него, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Момчето било пренесено во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.