Вчера во 22:40 часот во Полициска станица Струга, било пријавено дека на улица „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден Е.А.(18) од Струга откако се допрел со раката до диво поставени метални шипки кои биле под напон.
Момчето одбило да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош.
Од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека од страна на Е.А.(40) од Струга, сопственик на продавница за сувенири има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под напон.
Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.