Молотов коктел утрово околу 3 часот е фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција Кирил Спиркоски на улица ,,Киро Крстески –Платникот’ ..

На 05.07.2020 во 03,50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост на ул. “Киро Крстевски-Платник“ непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.