Јавноста, а особено родителите се кренаа на нозе откако беше обелоденето постоењето на групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.
Во групата имало 7.400 корисници каде малолетници и возрасни објавувале, споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.
Дел од жртвите сами се појавија во јавноста, но профилите на двајцата администратори и двајцата модератори се истражуваат од надлежните.
Порталот „Курир.мк“ преку свои извори стигнал до профилот на еден од модераторите во оваа група.
Како што објавува „Курир“, станува збор за маж од населба во Општина Кисела Вода, на околу 40-годишна возраст. Неговиот идентитет е познат на редакцијата на „Курир“.
Модераторот, како што пишува „урир“ е женет човек и татко. Во групата „Јавна соба“ меѓу првите објавувал разголени фотографии од малолетнички.
Дел од неговите соседи го препознале по фотографијата на социјалните мрежи. Во текот на вчерашниот ден бил пресретнат од родители на деца кои биле дел од групата, но ситуацијата не ескалирала. Поголем број на луѓе дознале дека токму ова лице стои зад „Јавна соба“. Го пронајдоа на социјалните мрежи и тука почнал хаосот. Примајќи низа закани бил принуден да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи.
Се претставувал под псевдонимот „Вирус“ на кој е додадено и неговото презиме. Фотографијата од истиот човек, на групата се појавила кај два телефонски броеви. На „Јавна соба“, овој скопјанец споделувал фотографии и модерирал преку два профили.
Денеска тој нема профил ниту на една социјална мрежа, на телефонот не е достапен, а содржините споделени од кај него по разни групи се избришани.
Чулев: Испратено барање до „Телеграм“ за податоците на членовите на „Јавна соба“
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во министерството кажа дека околу 800 фотографии и видео материјали се споделени во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“.
Со групата управувале двајца администратори и двајца модератори, за кои е испратено барање до „Телеграм“ за добивање дополнителни информации како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.