Одбраната на обвинетите за настаните од 27 април бараат да не се прифати извештајот за вештачењето на мобилните телефони. Се работи за мобилните телефони на Трајко Вељановски и Крсто Мукоски.

На денешното рочиште за случајот, адвокатите потенцираа дека вештаците не се запишани во регистарот на вештаци, ниту пак имале лиценца.

Ниту вештачите имале право, ниту пак МВР како институција имала право да ги вештачи телефоните на обвинетите, нагласи адвокатот Еленко Миланов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.