Маж на возраст од 68 години и две жени кои сѐ уште не се идентификувани се загинатите во тешката автобуска несреќа што се случи ноќеска кај Лесковац, потврдија од МНР за „Република“. Се работи на идентификација на двете загинати патнички.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград стапи во контакт со претставниците на надлежните служби во Србија и за сега како официјална потврда од српските власти ги имаме добиено следниве информации:
До моментов идентификувана е само една жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за две жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Има вкупно 32 повредени лица од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои четири се на хирургија, едно на ортопедија. Четворицата повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC.Министерот за здравство Венко Филипче, Ген сек на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатија кон местото на несреќата.
Се чека на дополнителни официјални информации, соопштија од МНР за „Република“ .
Од МНР исто така известуваат дека на сите кои ќе бидат испуштени од болница ќе им биде обезбедено сместување, доколку имаат потреба за преноќување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.