Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17:00 часот во близина на гробиштата во село Драчево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево забележале машко лице кое лежело на патот.

Утврдено било дека станува збор за лицето 28-годишниот Т.Б. од Скопје, кое било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.