Основното јавно обвинителство Тетово, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик.
Двајцата тетовци на возраст од 22 и 21 година, минатиот понеделник, како соизвршители, со сила и закана употребена врз оштетениот, 17-годишен нивен сограѓанин, одзеле подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако сторителите го пресретнале оштетениот на улица, го сопреле и го удирале со тупаници, по што со закана од него одзеле 1 000 денари кои ги имал со себе и мобилен телефон марка Ајфон 5.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово да определи мерка притвор за осомничените лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.