Синоќа околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреден В.М. (25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.

Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.