Вчера попладне во Полициската станица Виница било пријавено дека во Општата болница Кочани со повреди бил донесен Ј.Х. (25) од Виница.

Според пријавеното, Р.С. (45) од Виница, управувајќи вилушкар во фабрика во Виница, со палета го удрил Ј.Х. и му нанел повреди.

Увид извршила екипа од Полициската станица Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.