СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (21) од село Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17.04.2019 во атар на село Доброште, тетовско, на место викано „Ѓубриште’’, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, при што кај пријавениот пронашле и одзеле пиштол „PIETRO BERETTA“ со калибар 7,65 мм, за кој не поседувал соодветна дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.