Синоќа во Полициската станица Центар било пријавено дека на бул. „Кирил и Методиј“ скокнало лице од стан на втор кат. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Д.Б. (24) од Скопје, кој скокнал во присуство на екипа на Итна медицинска помош која претходно пристигнала на местото.
Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.