Утрово околу 06.15 часот во м.в.Дабница, прилепдско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.
М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.