Две лица се повредени од огнено оружје откако вчера, половина час пред полноќ, во нив пукал 25 годишен полициски службеник кој не бил на работа. Како што соопшти МВР, Ф.В. (26) и А.Х. (22), двајцата од село Вејце, Тетовско, биле примени во тетовската болница со прострелни рани од огнено оружје, од каде поради сериозноста на повредите биле префрлени на скопските клиники.

Десетина минути по инцидентот, 25 годишниот полициски службеник Н.Х. сам се пријавил во полициската станица во Тетово, признавајќи дека со службениот пиштол пукал во двете момчиња.

Од МВР информираат дека полицискиот службеник бил задржан во полиција а за случајот е известен и секторот за Внатрешна конторла.

Извор – Прес24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.