Македонецот Мартин Калинчев кој живеел и работел на Малта денеска во несреќен случај го загубил животот, објавуваат медиумите на таа земја.

Како што соопштила полицијата, Калинчев загинал од струен удар.

Според податоците кои ги објавуваат Македонците кои живеат и работат на Малта и медиумите на таа земја, Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел.

Инцидентот се случил додека Мартин работел качен во дигалка и се допрел до електрични кабли. Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.

Полициската истрага се уште е во тек.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.