Кичевчец вчера бил приведен откако вербално и физички нападнап полицаец кој се обидел да го легитимира. Во полициската станица Кичево вчера околу 19 часот било пријавено дека на булеварот „Ослободување“, 18-годишниот Б.Д. вербално и физички нападнал полициски службеник, кој се обиделе да го легитимира него и 19-годишниот П.Д.
Тој бил приведен и при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.