Вчера попладне во Полициското одделение Петровец, од касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец било пријавено дека кај нив бил задржан К.М.О.В. (22) од СР Германија, кој влегол во кругот на касарната.

Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС уредот. Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.