Млад битолчанец загина рано утрово во тешка несреќа на патот кон Прилеп.
Како што соопшти МВР, околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.