Едно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила вчера околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен.
Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола.
Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.