Дејан Митровски и Димитар Димовски вчера го напуштиле истражниот затвор Шутка, откако им е укината мерката притвор, наместо во затвор, процесот за случајот „Шпански скали“ ќе го чекаат дома, објави Сител. Митровски и Димовски беа приведени на крајот на јуни по кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата. ВМРО-ДПМНЕ за овој случај вели дека е политичка пресметка која ја води СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.