Попладнево околу 17 часот и 15 минути на улицата пред неговиот дом бил претепан струмичанецот Митко Ѓорѓиев, објави порталот „Лидер“.

Се враќав кон дома и на улицата во темницата ме нападнаа три маскирани лица со боксирачи, целиот сум искршен – изјавил Ѓорѓиев во краткиот телефонски разговор за „Лидер“.

Струмичанецот се сомнева дека ова му се случило затоа што пред една недела се јавил во живо на „1тв“ и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Страница и сега ми се случува ова – рече Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев веќе подолго време говори против фамилијата Заеви за кои во емисијата Блиц на ТВ Алфа, тврдеше дека наводно го фрлиле во должничко заложништво и цела Струмица ја држеле под лихва.

Видео од емисијата:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.