Горан Митевски, експерт за безбедност и контраразузнавање и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање вечерва беше гостин на телевизијата „Алфа“ во емисијата „Што не е јасно“.

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка и обвинета за случајот „Рекет“ во својата последна одбрана пред судот, меѓу другото кажа „да знаете што јас знам од тие 660.000 фајлови , сигурно не би била тука“.

Според Митевски, Јанева имала доверба дека ваква работа не може да и се случи.

Кога беше специјален јавен обвинител, не само од прислушуваните разговори, туку и од сите политички збиднувања кој во тој период се одвиваа во Парламентот, би го споменал случајот со дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ кој се одметна и гласаше за промена на Уставот, начинот како тие беа амнестирани, сигурно тука асистенција имаше и од Јанева и од Државното јавно обвинителство да се укине притворот на одредени пратеници за да можат да дојдат на гласање. Имаше и одредени поволности во текот на нивните судења, ветувања дека нема да бидат осудени и слично, сето тоа и даде на Јанева доверба дека ваква работа не може да и се случи, рече Митевски.

Според Митевски, Јанева се ослободила и направила одредени криминални чекори, како што е примањето на поткуп и договарањето со Бојан Јовановски.

Сето тоа ја доведе во притвор и сега чека пресуда, вели Митевски.

Според Митевски, таа сигурно има некакво ветување.

Она што го направи во притвор, да ги префрли предметите во ОЈО, тоа фамозно писмо кое јавноста до денес не го виде, сето тоа говори дека одредени пазарења и ветувања спрема неа постоеле од највисокиот државен врв во тој период. Таа се уште се надева дека ќе се извлече со мала казна или евентуално после наредните избори очекува помилување, рече Митевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.