Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на вонредна прес-конференција прашува зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на местото на стравотната сообраќајна несреќа што се случи денеска на Стража.
Во несреќата, во која учествувал и Зоран Кичеец, кој издржува затворска казна за Рекер, загина едно лице, а повредени се шест.
Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода. Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес.
Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта. До кога врвот на власта ќе штити криминалци, прашува Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.