Осудениот во случајот „Труст“, Сеад Кочан, нема индикација за болничко лекување, информира за МИА Министерството за здравство.
На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување – велат од Министерството.
Доцна синоќа Кочан беше спроведен во затворот „Идризово“ откако претходно, судот му го отфрли како недозволено барањето за одлагање на затворската казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.