Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана во врска со наводите за сексуално вознемирување на припадничка на Армијата во касарната во Куманово.
Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже Министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, се вели во реакцијата од Министерството.
Претходно од МВР информираа дека вработена во Армијата во СВР Куманово пријавила дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“.
Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ, која изјавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.
Од полицијата информираат дека за ова е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.