На големиот христијански празник Велигден министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ги посети колегите кои се на своите работни места, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби.

Денес, на големиот христијански празник Велигден, ги посетив колегите кои се на своите работни места, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби. На полициските службеници од православна вериосповед со поздравот Христос воскресна!
Навистина воскресна!
ѝм го честитав големиот христијански празник Велигден, а на сите останати ѝм посакав да имаат мирна работна вечер.

Тие ме информираа дека изминататата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршувања на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

Им благодарам на сите за свеста и совеста што ја покажуваат во вакви важни моменти.
На овој голем празник посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи.

Честит Велигден на сите граѓани од православна вероисповед!, објави Чулев на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.