СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.И. (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
Вчера во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Воедно, при преземени мерки било утврдено дека на 26.10.2018 пријавениот на Х.Б. му дал наркотични средства, заради натамошна продажба на други лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.