Некогашниот шеф на полицијата, во петокот беше спроведен во затворот „Шутка“ откако обвинителството за него побара притвор по соопштувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, објави ТВ21.мк.

Од затворот информираат дека моментално Сашо Мијалков е сам во просторија, поради коронавирусот, а тоа е пракса која се спроведува од почетокот на пандемијата, односно секој нов во затворот, да остане прво во изолација.

Мијалков е под засилени безбедносни мерки, а се спроведуваат и чести контроли каде што престојува тој.

Мијалков претходно беше неколку денови во куќен притвор, откако притвор побара обвинителството бидејќи имале дојави лицето се подготвува за Бегство.

Судот одреди куќен притвор, а Мијалков не беше достапен на полицијата за да го прими решението. Изненадно, пред еден медиум се појави во вторникот, по што беше спроведен во куќен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.