Одбраната и обвинетите во случајот „Тортура“, во кој е обвинет и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ги даваат завршните зборови.

На последното рочиште, јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го привеле Лубе Бошкоски.

Овој судски процес го води судијката Александра Ристеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.