На граничниот премин Хоргош на границата со Унгарија, српски цариници вчера откриле мигранти во македонски камион кој превезувал безбедносни кафези, информираше Царинската управа на Србија.
Тие мигрантите ги забележале на скенерот, а луѓето биле сместени во кафези за работни машини – вилушкари, багери, кранови и слично. Крајната дестинација на кафезите им била Белгија.
Како што јавуваат српските медиуми, во камионот биле пронајдени двајца Индијци и еден Авганистанец, а на истиот граничен премин цариниците од почетокот на годинава до сега фатиле над 1 000 лица скриени во разни возила со намера нелегално да минат граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.