Првпат по почетокот на мигрантската криза се откриени мигранти Во Малешевијата.

Жители од овој регион синоќа во 19.37 часот пријавиле во Полициската станица во Берово дека во селото Мачево забележале десет мигранти од Бангладеш.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панојотова, информира дека од страна на полициски службеници, по извршеното документирање, мигрантите биле предадени во Полициската станица за граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.