Утрината на 10 мај, односно во 01:00 часот утринава на влез во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и три од Сирија). Истиот ден, во 08.00 часот кај Кванташки пазар во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица откриле тројца мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.