Ноќеска околу 02 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р. (23), М.К. (20), Х.А. (23) и Н.Т. (24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата. Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои потоа побегнале.

Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.