Мигрант од Индија се здобил со тешки повреди при обид да се качи на воз во близина на Неготино.
На железничко стојалиште „Црвени Брегови“, вчера во 15.40 часот при обид на три лица мигранти да се качат во товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, едно од нив кое било од Индија, паднало и се здобило со повреда – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По незгодата лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.