Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ „Клан“, во врска со издадените пасоши од МВР истакна дека истите се уште се во поседување на мафијашите и дека постои веројатност дека тие се уште ги користат истите.
Јас не слушнав некој да каже дека тој пасош е непостоечки, можеби тој човек се уште го користи тој пасош или таквите како него кои се стекнале со македонски пасоши, може направиле некое кривично дело во меѓувреме под тие пасоши и под тој идентитет. Тие практично слободно можат да прават кривични дела – изјави Мицкоски.
Тој потсети дека во Украина имаше случај на македонски државјанин, кој бил нарко бос или човек проблематичен за правдата, за потоа да сфатиме дека било лице кое не било Македонец, но имало македонска патна исправа.
Овој проблем може да се реши само со одговорност, но не одговорност на службениците на шалтер. Со тоа нема да се надмине и реши овој проблем – посочи Мицкоски.
Тој додаде дека пасошите се издадени во време кога Оливер Спасовски е министер и додаде дека скандалот е голем срам за државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.