Немаше план за насилство на конститутивната седница на 27 април. Никој не зборуваше на таа тема – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешното рочиште за настаните од „27 април“.
Тој објаснува дека имале редовни координации во Собранието за текот на седница, но не и дека знаеле што ќе се случува.
Тој го објасни членот 78 став 2 од Деловникот за промена на дневниот ред на Седницата како што барале пратениците од тогашната опозиција, како и за членот 80, кој вели дека мора да заврши претресот на сите пријавени.
Претседавачотна Собрание исправно постапуваше во тие моменти околу Деловникот – нагласи Мицевски.
Тој направи паралела дека и на оваа конситутивна седница на новиот состав претседавач беше актуелниот претседател на Собранието Џафери а не најстариот пратеник.
Практиката вели дека претседателот од претходниот состав доколку е актуелен пратеник да ја води конститутивната седница – објасни Мицевски.
Тој потсети дека на конститутивната седница бил пријавен за говорник, но процедурална забелешка можел да даде секој пратеник бидејќи се уште не биле формирани пратенички групи.
Претседавачот на седницата замолуваше процедуралните забелешки да бидат сведени на минимум но тоа право не може да го одземе доколку пратеникот е пријавен за збор. Правото за процедурална забелешка го има секој пратеник и мора веднаш да му даде збор и тоа има приоритет – објасни Мицевски.
Тој вели дека добиле информација дека седницата на 27 април ќе продолжи следниот ден на барање на пратениците на СДСМ.
Мицевску даде свое мислење и за движењето „За заедничка Македонија“.
Како граѓанин имам учествувано на неколку собири во мојот град и давав поддршка. Бев изненаден од масовноста на настаните и оти имаше присуство и на членови на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ немаше став за ова движење во органите на партијата, но се даваше поддршка и немаше наскока дали некој треба да присуствува иле не – појасни Мицевски.
Тој е убеден дека никој од обвинетите не комуницирал со месните комитети ниту, пак, давал напатствија или се мешал во ова движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.